ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА
МЕНС ЛЕГИС™ е прва фирма во Република Македонија за вршење правни услуги, основана во февруари 1995 година, со седиште во Скопје и канцеларии со кој соработува во Њујорк, Лондон, Париз, Рим, Милано, Берлин, Москва, Брисел, Атина, Дубаи, Софија, Тирана, Торонто, Стокхолм и Монте Карло.

МЕНС ЛЕГИС™ е стручно оспособен со искусен тим од правници и тим од дваесет надворешни консултанти и адвокати, кои се специјализирани во различни области од правото.

МЕНС ЛЕГИС™ е веќе етаблиран во меѓународната мрежа на најдобри правни фирми во светот со кои постојано соработува и континуирано го подобрува знаењето и практичната примена на know-how-to од меѓународни правни фирми.

МЕНС ЛЕГИС™ има склучено договори за континуирана соработка со повеќе меѓународни правни фирми, а во големи проекти, работи во конзорциум со нив.

Во соработка со Клифорд Чанс МЕНС ЛЕГИС™ ја подготви Правната длабинска Анализа за успешно превземање на ОТЕ МТС Холдинг Б.В. Холандија и нејзините подружници Космофон Услуги за Мобилни Телекомуникации АД - Скопје и Германос Телеком АД Скопје . Клиент: ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА Д.Д. Вредноста на трансакцијата изнесуваше 190 милиони Евра.

Една од најпосакуваните локации во Македонија, земјиштето и зградите на старатa фабрика на АЛУМИНА АД во стечај Скопје беше купена од Израелската Компанија ГАЗИТ ГЛОУБ преку нејзината подружница во Холандија Г-Холандија Б.В. за 19 милиони Евра. Подружницата Г-Македонија АД Скопје ќе изгради Трговски Центар заедно со резиденцијалните објекти, вредност на проектот 120 милиони Евра. Целиот проект е правно изработен од МЕНС ЛЕГИС™ .

Во соработка со WOLFTHEISS Vienna – Austria , МЕНС ЛЕГИС™ правна фирма, ја подготви правната Длабинска Анализа за проектот за приватизација на ECM (КОМПАНИЈА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА). Клиент: RWE ГЕРМАНИЈА.


Во соработка со "BAKER & McKENZIE", London-Budapest, МЕНС ЛЕГИС™ го одработи проектот на Детална правна анализа за приватизација на Телеком. Клиент: MATAB, УНГАРИЈА

Во конзорциум со "Constant&Constant Solicitors", Лондон, беше правен консултант во процесот на приватизацијата на најголемата банка во Република Македонија – Стопанска Банка. Клиент: Стопанска Банка АД, Скопје.

Подготви Детална правна анализа за РЕЕМСТМА ГЕРМАНИЈА", за купување на Тутунски Комбинат АД Скопје.

Целосна правна постапка за основање и акредитација на УНИВЕРЗИТЕТОТ ЈИЕ (ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА) и NEW YORK COLLEGE во Скопје.

Го изведе проектот на CARDS Програмата на Европската Унија за Балканскиот регион, РЕБИС, Студија за инфраструктура на регионалниот пазар на електрична енергија на Балканот.

Ги советуваше СЕНЦАП С.А. ГРЦИЈА на тендерот за продажба на ТЕЦ НЕГОТИНО.

Ги советуваше ЗАВАРОВАЛНИЦА ТРИГЛАВ Д.О.О за превземање на Вардар Осигурување А.Д. Скопје.

Во соработка со консултанската куќа "Berlioz Consulting", Париз, и Европската Агенција за Реконструкција го изведе проектот на CARDS програмата за техничка помош за заштита на авторски и сродни права.

МЕНС ЛЕГИС™ е ексклузивен соработник за Македонија за Global Banking Financial Law Review печатено од Euromoney Magazine.

Последниот голем проект на кој МЕНС ЛЕГИС™ ги обезбеди правните услуги и правните процедури e купувањето на ПД Вардар од компанијата ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС од Канада. МЕНС ЛЕГИС™ продолжува да ги советува ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС од Канада во врска со нивната инвестиција. ПД Вардар, сега именуван Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, има добиено концесија за експлоатација на локацијата Иловица кое е едно од најголемите наоѓалишта на бакар и злато во Југоисточна Европа.

Меѓународната WHO'S WHO Historical Society

Правната фирма МЕНС ЛЕГИС™, основана во 1995,е признаена како прва правна фирма во Република Македонија. Стационирана во Скопје, Македонија, фирмата обезбедува квалитетни правни услуги на национална и интернационална база на клиенти. Фокусирајќи се на бизнис и корпоративно право, главните области со кои фирмата се занимава исто така вклучуваат банкарство, ИП, трудови односи, недвижнини, јавно финансирање и владини договори и правна, комерцијална и граѓанска литигација. Со докажано педигре на успеси фирмата вработува една силна искусна екипа од 12 високо обучени и талентирани професионалци кои се сметани за едни од најдобрите во индрустријата. Како сопственик на МЕНС ЛЕГИС™ правната фирма Госпоѓа Рубен служи како менаџер и правен советник. Голем простор на правно искуство распределено преку 20 години и овозможуваат на Госпоѓа Рубен ефикасно да се носи со нејзините различни задачи. Нејзиното инпресивно портфолио вклучува такви позиции како само – вработен правник, правен новинара и директор на правното оделение на компанијата за увоз извоз Центрохемија. Во нејзината моментална позиција Госпоѓа Рубен подготвува правни мислења и консултативни услуги.

Одговорна за секојдневни бизнис функции и корпоративни активности таа ја поставува темата, тонот и стилот на активностите. Создавајки ѓи и дефинирајки ѓи иновативните цели на бизнис развој и стратегии т.е. ја сместува визијата и мотивацијата преку растот на фирмата. Справувајки се со клиенти од висок профил таа се вклучува како експерт на Европската Унија преку Европската Агенција во случаи / предмети кои се однесуваат во закон за банкротирање, и проектот за едношалтерси систем. Промовирајки култура која содржи највисок можен квалитет и танспарентност во сите бизнис договори и трансакции. Госпоѓа Рубен веке го етаблираше брендот на правната фирма МЕНС ЛЕГИС™ во мегународната мрежа на најдобри правни фирми во светот.Динамична и брзодвижечка, таа ја доби почитта на нејзините колеги и доверба на клиентите во услугите направени од фирмата. Нејзиниот успех е приклонет кон професионалната конпетентност и интегритет, желба за знаење, искуство и научна позадина, окружувајќи себеси со добри луге со слични размислувања и никогаш не се тргнува од предизвик. Целите се на Госпоѓа Рубен да ја има најголемата правна фирма во земјата за 5 години да продолжи да расте и да ја проширува фирмата.


M a d i s o n W H O ’ S W H O - V I P m e m b e r

Како еден од најистакнатите професионалци Г-ѓа Рубен беше избрана за ВИП член во изданието од 2007 година на Madison Who's Who на директори и професионалци, од илјадниците пријавени од целиот свет.



насловна | основач | профил | клиенти | публикации | вработени | препораки | контакт
© 2008 Mens Legis ™ - Сите Права се Задржани
Design by Zonde