РЕФЕРЕНЦИ

ОДБРАНИ УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ ОД СТРАНА НА ТИМОТ НА МЕНС ЛЕГИС

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ СЕКТОР:


1. Во соработка со Бејкер и Мекензи, Лондон-Будимпешта, правната фирма МЕНС ЛЕГИС ја подготви Длабинската Правна Анализа за приватизација и успешно ја заврши купо-продажбата на Телеком-Македонски Телекомуникации. Клиент МАТАВ, Унгарија. Експертите на тимот ги испитаа, подготвија и утврдија состојбите на Компанијата, и ги припремија сите документи за затварање на трансакцијата. Вредноста на трансакцијата изнесуваше 350 милиони Евра.


2. Во соработка со Клифорд Ченс Правната Фирма МЕНС ЛЕГИС го подготви проектот за Правна Длабинска Анализа за успешното купување на ОТЕ МТС Холдингот Б.В. Холандија и нејзините подружници КОСМОФОН УСЛУГИ ЗА МОБИЛНИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ АД СКОПЈЕ и ГЕРМАНОС ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ. Клиент: Телеком Словенија д.д. Вредноста на трансакцијата изнесуваше 190 милиони Евра.

3. МЕНС ЛЕГИС ја подготви Длабинската Анализа за 20 кабловски телевизии предмет на купување од Мрежата за Глобална Комуникација, УСА.

ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР:


1. Во соработка со ВОЛФТАЈС Виена-Австрија, МЕНС ЛЕГИС ПРАВНАТА ФИРМА го подготви проектот за Правна Длабинска Анализа за приватизација на ЕСМ. Клиент: РВЕ Германија.


2. Како Меѓународна Правна фирма МЕНС ЛЕГИС беше правен советник на СЕНКАП С.А. Грција за целосниот процес за приватизација на ТЕЦ Неготино. Износот на проектот беше 69 милиони Евра.

БАНКАРСКИ И ОСИГУРИТЕЛЕН СЕКТОР:


1. Друг успешно завршен проект во Конзорциум со Констант и Констант Солиситорс, Лондон, е приватизацијата на најголемата банка на Република Македонија-Стопанска Банка АД Скопје. Правната Фирма МЕНА ЛЕГИС беше правен застапник во овој проект.


2. Во 2007, Заваровалница ТРИГЛАВ а.д. Љубљана купи 70.36% од акциите на АД ВАРДАР Осигурување Скопје за вредност од 27.8 милиони Евра. МЕНС ЛЕГИС беше ангажирана како Меѓународна Правна фирма во процесот на купопродажба на акциите на Осигурителната Компанија АД ВАРДАР Осигурување Скопје од страна на Триглав. Клиент: Триглав.

ТУТУНСКА ИНДУСТРИЈА:


1. Правната Фирма МЕНС ЛЕГИС ја подготви Правната Длабинска Анализа за Реемтсма Германија за успешно купување на Тутунски Комбинат АД Скопје- вредност: 23 милиони Евра.

РУДАРСКА ИНДУСТРИЈА:


2. Правната Фирма МЕНС ЛЕГИС ги советувa ЕУРОМАКС РЕЦОУРЦЕС ЛТД од Канада во врска со проектите за концесија (најголемото наоѓалиште на бакар и злато во Р. Македонија).

НЕДВИЖЕН ИМОТ:


1. Една од најбараните локации во Македонија, земјиштето и зградите на старата фабрика АЛУМИНА АД во стечај Скопје беше купена од Израелската Компанија Газит Глоуб преку нејзината подружница во Холандија Г-Холандија Б.В. за 19 милиони Евра. Г-Македонија АД Скопје ќе изгради Трговски Центар со резиденцијални згради со вредност на проект од 120 милиони Евра.

ОБРАЗОВАНИЕ:


1. МЕНС ЛЕГИС ја раководеше правната процедура за основање на СЕЕ Универзитет Тетово.


2. МЕНС ЛЕГИС ја водеше и ја заврши правната процедура за акредитација на Њујорк Колеџ, Скопје.


ПРЕПОРАКИ


Без оглед на тоа каков тип на задача Вие или Вашата канцеларија извршивте во овој проект, во голема мера го цениме Вашиот придонес, Вашиот брз одговор и спроведување на нашите барања и секогаш навремена испорака на сите документи побарани од наша страна.


Ленка Спенсер
Дрекслмаер Групација

Ми претставуваше огромно задоволство да бидам со Вас во Скопје. Целосно сум свесен за вашата неуморна работа и проактивна поддршка. Очигледно дека ја имаме најдобрата правна фирма за партнер во Македонија.

Стивен Шарп
Претседател и Главен Извршен Директор
ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ЛТД.


Вашата правна фирма помогна да се решат одредени проблеми и теми на Дрекслмајер Групацијата во минатото. Имавме ефективна и професионална соработка со Вас и Вашата фирма за што би сакала да кажам Благодарам.

Ања Кахле
Генерален Советник на Групацијата
Дрекслмајер Групација



Почитувани,

Сите од Вас направивте извонредна и темелна работа. Ништо немаше да биде постигнато без придонес од сите Вас

Нили Кали Адв.
Правен Застапник и Секретар на компанијата
ГАЗИТ ГЛОУБ ИЗРАЕЛ

Високо го препорачуваме тимот на Менс Легис за нивниот професионализам и доверливост и нивното брзо и ефикасно исполнување на зададените задачи за одлична правна трансакција. Сметаме дека Менс Легис е еден од водечките даватели на професионални правни услуги во Р. Македонија.

Стоунбриџ Комуникации
Раководител Ференц Шомоѓи


Би сакал високо да ја препорачам Менс Легис заради нивниот одличен тимски пристап кон извршувањето на обврските и нивните извонредни организациони и менаџерски способности. Оваа Фондација смета дека во Менс Легис се високо професионални и компетентни во обезбедување на правни услуги.


Др. Денис Фарингтон
Генерален Секретар ЈИЕ Универзитет
Директор Фондација ЈИЕ Универзитет

Драги колеги,

Најпрво да Ви се заблагодарам за напорната работа и вложениот труд во изминатите две недели. Ни беше вистинско задоволство да работиме со Вас и свесни сме за одличната работа што детално ја направивте посебно во тешките услови поради неуредната data room.

Уште еднаш многу Ви се заблагодаруваме и Ви посакуваме се најдобро

Дитер Шпранц
ВОЛФ ТХЕИС
Адвокат


Ви благодариме многу за Вашата помош и соработка. Бевте многу великодушни со Вашето време. Информациите што ни ги овозможивте многу ке им помогнат на компаниите а исто така и на индивидуалците кои сакаат да аплицираат во Вашата земја. Ви благодариме за ефикасната комуникација низ целиот свет овозможена преки IP за сите практиканти.
Со почит:

Робин Гонзалес
Правен аналитичар
Глобал И.П. Не

Драга Љубица,

Во име на IDLO искрено би сакал да Ви се заблагодарам за Вашата професионална интервенција како Локален модератор за време на подготовките и за предавањата на семинарот EU Competition Law за Србија, Македонија и Хрватска оддржан на 21-22-23-24-27-28, Февруари 2006.

Учесниците беа добро избрани и Вашиот труд вложен во координирање и средување на овој курс, го направи учеството на Македонија успешно, живо и интерактивно. Ми беше големо задоволство да работам со Вас.

Десислава Личева
Службеник за координација
Учење од далечина & Истражувачки центар
Правна организација за меѓународен развој

Ние сме задоволни од брзата услуга која ја добиваме од вас.

Мајкл Наси
Координатор
КОЛМОБИЛ КОРПОРАЦИЈА Израел

 

насловна | основач | профил | клиенти | публикации | вработени | препораки | контакт
© 2008 Mens Legis ™ - Сите Права се Задржани
Design by Zonde