ВРАБОТЕНИ

CV ДЕТАЛИ НА ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

Г-ѓа Сања Велјановска е Постар Партнер во Менс Легис. Примарното поле на експертиза вклучува корпоративно управување, финансиско право, оданочување, сопственост, облигационо право, трговско право, преземања. Таа е значителен допринесувач во многу интернационални весници и проекти, како Корпорејт Интел, ИФЛР, Проект за Дуинг Бизнис на Светска Банка и други. Другите активности вклучуваат припрема на прани мислења, правни длабински анализи, инвестициски договори и други правни активности.

Таа се придружи на МЕНС ЛЕГИС во 2004. Помеѓу клиентите која таа ги советуваше се: ДММ Дрекслмаер Македонија, Г-Македонија АД Скопје, Газит-Глоуб; РВЕ Германија за време на приватизацијата на компанијата за дистибуција на електрична енергија ЕСМ, компанијата за осигурување ТРИГЛАВ за купување на Осигурителната Компанија Вардар АД Скопје; Мрежа за Глобална Комуникација-УСА; Беркшир Интернешенел Инвестментс Македонија-Компанија создадена од Еуропиан Естејтс Лимитед од Велика Британија; "Бомбардие Аероспејс" Канада, Кооперативна Централа Рајфајзен-Беренлеенбанк Б.А. и ИНГ Банк Н.В за Договор за Олеснување со Митал Стил Компанијата; СЕНКАП С.А. Грција, Фрешфилдс; ЕМИТ Еркол Марели-Италија, проектот за финансирање кој ги вклучуваат ЕБРД и Ројал Голд, Плејтек трансакцијата, Јин Ји Групацијата и др.

Нејзиното претходно искуство вклучува работа како Правен експерт на проект финансиран од ЕУ менаџиран од ЕАР-Приближување на трговска легислатива каде што таа учествуваше со нејзината правна експертиза во подготвување на Законот за стечај и друга легислатива. Таа исто така беше Асистент Правен Застапник на УСАИД/Делоит на проектот за корпоративно управување и Закон за Трговски Друштва, учествуваше во подготовка и имплементација во Македонскиот Закон за Трговски Друштва и имплементација на корпоративното управување во Македонските компании.


Г-дин. Филип Рубен е Постар Партнер во МЕНС ЛЕГИС со положен правосуден испит и застапник на заштита на права од индустриска сопственост.

Тој се приклучи на МЕНС ЛЕГИС во Јануари 2008 година. Во годините поминати во МЕНС ЛЕГИС тој се стекна со искуство во различни правни области. Неговото примарно поле на стручност вклучува советување во однос на странски инвестиции, спојувања и превземања, рударство, концесии, корпоративно управување, правни длабински анализи, трговско право, конкуренција, инвестициски структури, недвижности и др.

Други активности вклучуваат подготовка на правни мислења, инвестициски договори, договори за заеднички вложувања, јавни-приватни партнерства, конкуренција и антимонополски постапки и многу други правни и консултантски активности.

Г-дин Рубен течно говори англиски, српски и хрватски јазик.

Континуирано допринесува во проектите на Светска Банка во врска со земјава.

Долгорочен советник во друштвото за телекомуникации Телеком Словеније, за нивните активности во државата. Комплетното правно советување на Телеком Словеније вклучува правни длабински анализи, спроведување на спојување, како и затворање на трансакцијата помеѓу македонските телекомуникациски оператори ОНЕ и ВИП, кои го формираа вториот најголем телекомуникациски оператор во Македонија. Исто така, ја обезбеди целосната правна поддршка и советување на Telekom Slovenije низ целиот процес на спроведување на опцијата за излез од спојувањето. многу други правни и консултантски услуги.

Правен советник на странска компанија за шпедиција која ги проширува своите активности во регионот како и во Северна Македонија. Г-дин Рубен го поддржува и советува клиентот за сите аспекти во однос на влегување на пазарот во Северна Македонија и спроведување на проекти, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: основање на компании, финансии, директни инвестиции, можности за финансирање на бизниси итн. Советување на клиентот за сите комплексни постапки за добивање на потребни лиценции и одобренија за започнување со активност со цел да се одбегнат било какви пречки и да се обезбеди непречено и беспрекорно одвивање на процесот на лиценцирање, без одложување. Целосна правна поддршка во успешно завршениот проект поврзан со автомобилската индустрија, односно спроведувањето на правна длабинска анализа и превземањето на фабриката АРЦ Македонија специјализирана во производство на воздушни перничиња. Проект во технолошките индустриски развојни зони.

Како дел од тимот на МЕНС ЛЕГИС низ годините успешно ја обезбедува неговата експертиза и услуги на многу други клиенти од различни индустрии, како EBRD, Deutsche Bank, SIEMENS, FIAT Group – Italy, CHRYSLER LLC, Draexlmaier, Bombardier – Canada, Gazit Globe Israel, AVUS worldwide claims service, Hongte PR China, TRAFITALIA SRL – Italy, Berkshire International Investments Colmobil Corporation – Israel, Triglav – Slovenia, Atlas Copco – Czech Republic, MP Asset Management INC – Slovenia, и многу други.

Г-дин Андреј Белчовски е Помлад Партнер со положен правосуден испит во Правната фирма МЕНС ЛЕГИС. Во 2013 година се стекна со титула Магистер по Деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Специјализиран е за правни услуги во областа на компаниско спојување и преземање, правна длабинска анализа, компаниско право и корпоративно управување, работни односи, животна средина и интелектуална сопственост.

Неговото искуство во МЕНС ЛЕГИС вклучува советување на Телеком Словеније, СИОЛ Дооел Скопје, ДММ ДРЕКСЕЛМАЕР, Нет Конект, AVUS worldwide claims service, Беркшир Интернешенел Инвестментс, израелска компанија ГАЗИТ ГЛОБЕ, и многу други.

Некои од поголемите проекти во кои учествувал како правен советник се преземањето на компанијата АРЦ Македонија од страна на Јин Ји Групацијата и спојувањето на телекомуникациските оператори ОНЕ и ВИП како правен советник на Телеком Словенија.

Неговиот коавторски текст „Развојот на рударскиот сектор во Република Македонија“ е објавен во списанието Lawyer Issue.


Г-ца Благородна Ристовска е Помлад Правен Советник во Менс Легис, со титула Магистер во отсек на Меѓународно јавно право на Правен Факултет "Јустинијан I" Скопје при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Нејзиното претходно работно искуство е стекнато при работење во адвокатска канцеларија.

Г-ца Ристовска е специјализирана во давање на правни совети во областа на подготвувањето на правни длабински анализи, правни мислења, трговското право, корпоративно управување, работни односи, работни дозволи и регулирање на престој на странски лица, заштита на животна средина, електронски комуникации, интелектуална сопственост.

Нејзиното искуство вклучува советување на Telekom Slovenije d.d, СИОЛ Скопје, ARC Macedonia за Yin Yi Group Company Limited, VIL HIL Betting, AVUS Worldwide Claims Service и други клиенти.


Г-ѓа Даниела Стевковска се приклучи кон Менс Легис во 2007. Нејзино поранешно искуство вклучува работење во МДЦ Консалтинг и СЕАФ инвестициски фонд - Македонија. Таа е одговорна за книговодствените, банкарските и тековните канцелариски активности.


Др. Виктор Рубен е специјалист по Медицинско право. Експерт е по здравствена заштита и регулативи во медицинското право.

Г-дин Рубен ги следи најновите дополненија во медицинската легислатива и развој во медицинското право. Обезбедува анализи, коментари и мислења во врска со многу прашања кои се битни за развојот на оваа област од правото.


Г-дин Ремон Рубен работи како консултант за маркетинг во МЕНС ЛЕГИС од 2004 година. Тој е одговорен за промовирањето и односите со јавноста на компанијата на македонскиот пазар и ширум Светот.

Г-дин Рубен поседува знаење од областа на бизнисот фокусирајќи се на прашањата поврзани со маркетинг. Сручњак е во областа на маркетингот и комуникациите.


Јана Никодиновска – Надворешен соработник



МЕНС ЛЕГИС е фирма со докажан успех и високо искуство која обезбедила длабински услуги за традиционалните делови на правото и како актуелна за промените на Македонскта правна средина.

Тимот на фирмата е подготвен да се обрати до единствените и зголемени потреби на национални и меѓународни клиенти преку личните услуги.

МЕНС ЛЕГИС е посветена на принципите на интегритет и доверливост да обезбеди брзи и сигурни услуги кон нејзините клиенти.
Покрај обезбедувањето на високо професионални правни мислења базирани на домашната правна регулатива исто така нуди гугестии и учествува во додавање и измена на домашната правна рамка со цел да се постигне најефективна правна форма за извршување на трансакции, во случаи каде што подготвувањето на Длабинска Правна Анализа се покаже дека е неефикасна и понатаму побарува потреба за нејзин додаток.

Многу закони, акти и регулативи кои беа изменети преку проекти кои се завршени до денес и базирани на иницијативата и предложените материјали од МЕНС ЛЕГИС.


насловна | основач | профил | клиенти | публикации | вработени | препораки | контакт
   
© 2008 Mens Legis ™ - Сите Права се Задржани
Design by Zonde