1. Во соработка со Baker McKenzie, Лондон-Будимпешта, правната фирма МЕНС ЛЕГИС® ја подготви правната длабинска анализа за приватизација и успешно ја заврши купопродажбата на Телеком-Македонски Телекомуникации. Клиент: MATAV, Унгарија. Експертите на тимот ги анализираа, подготвија и утврдија состојбите на компанијата и ги подготвија сите потребни документи за комплетирање на постапката.
Вредност на трансакцијата: 350 милиони евра.
2. Во соработка со Clifford Chancе од Париз, правната фирма МЕНС ЛЕГИС® подготви правна длабинска анализа за успешното превземање на OTE MTS Holding B.V. – Холандија, и нејзините подружници COSMOFON MOBILE TELECOMMUNICATIONS SERVICES AD - SKOPJE и GERMANOS TELEKOM AD SKOPJE. Клиент: Telekom Slovenije d.d..
Вредност на трансакцијата: 190 милиони евра.
3. Обезбедивме сеопфатни правни и консултантски услуги, правна длабинска анализа, одобрение за конкуренција, постапката на спојување и успешно затварање на трансакцијата помеѓу македонските телекомуникациски оператори ONE и VIP. Клиент: Telekom Slovenije d.d.. Обезбедивме комплетна правна поддршка и советување на Telekom Slovenije d.d.. во целокупниот процес на истапување (exit call option). Вредност на проектот: 120 милиони евра.
4. МЕНС ЛЕГИС® ја подготви правната длабинска анализа за 20 кабловски телевизии - предмет на купување од Global Communication Network, САД.
1. Во соработка со Wolf Theiss – Виена, Австрија, подготвивме правна длабинска анализа за приватизацијата на ЕСМ. Клиент: RWE Германија.
2. Како меѓународен консултант правната фирма МЕНС ЛЕГИС® беше правен советник на SENCAP S.A. од Грција во целосниот процес поврзан со понудената приватизација на ТЕЦ Неготино. Вредност на проектот: 69 милиони евра.
1. МЕНС ЛЕГИС® ја подготви правната длабинска анализа за Reemtsma, Германија (дел од Imperial Tobacco групацијата) и ја спроведе успешно купопродажната трансакција на Тутунски Комбинат АД Скопје. Вредност на проектот: 23 милиони евра.
1. МЕНС ЛЕГИС® ја водеше и ја заврши правната процедура за основање на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово.
2. МЕНС ЛЕГИС® ја водеше и ја заврши правната процедура за акредитација на Њујорк Колеџ во Скопје.
1. Приватизацијата на Стопанска Банка АД Скопје е уште еден успешно завршен проект. Правната фирма МЕНС ЛЕГИС беше правен застапник на купувачот во овој проект, во конзорциум со ‘Constand&Constant Solicitors’ од Лондон.
2. Во 2007, Zavarovalnica Triglav a.d. Ljubljana купи 70.36% од акциите на АД ВАРДАР Осигурување Скопје за вредност од 27.8 милиони евра. МЕНС ЛЕГИС беше ангажиран како меѓународен консултант во процесот на купопродажба на акциите на осигурителната компанија АД ВАРДАР Осигурување Скопје од страна на Triglav. Клиент: Тriglav од Словенија.
1. Една од најбараните локации во Северна Македонија, земјиштето и зградите на старата фабрика “АЛУМИНА АД во стечај Скопје” беше купена од Израелската компанија Gazit Globe преку нејзината подружница во Холандија - G-Netherlands B.V. за 19 милиони евра. Менс Легис го водеше целокупниот процес на купопродажба.
МЕНС ЛЕГИС континуирано обезбедува правно советување на голема меѓународна компанија во областа на организација на транспорт и шпедиција, која што влезе на македонскиот пазар и ги проширува своите активности. Ние го поддржуваме клиентот во сите аспекти на работењето и имплементирање на проектите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: основање на компанијата, директни инвестиции, опции за финансирање на бизнисот, работни односи и друго. Ние обезбедуваме правна поддршка на клиентот во сите сложени постапки на издавање на дозволи и одобренија потребни за спроведување на активностите, со цел да се избегнат било какви пречки, давајќи сигурност дека работењето на клиентот ќе се одвива беспрекорно.
Со оглед на тоа каков тип на задача Вие или Вашата канцеларија извршивте во овој проект, во голема мера го цениме Вашиот придонес, Вашиот брз одговор и спроведување на нашите барања и секогаш навремената испорака на сите документи побарани од наша страна.
Со оглед на тоа што проектот требаше да се спроведе во кратки временски рокови, овој знак на благодарност е од големо значење.
Lenka Spencer
Dräxlmaier Group
Вашата правна фирма помогна да се решат одредени проблеми и теми на Dräxlmaier Group во минатото. Имавме ефективна и професионална соработка со Вас и Вашата фирма за што би сакала да кажам благодарам.
Anja Kahle
Group General Counsel
Dräxlmaier Group
Почитувани,
Секој од Вас направи извонредна и темелна работа. Ништо немаше да биде постигнато без придонес од сите Вас.
Nily Kally, Adv.
Legal Counsel & Company Secretary
Gazit Global, Izrael
Високо го препорачуваме тимот на Менс Легис поради нивниот професионализам и доверливост и нивното брзо и ефикасно исполнување на зададените задачи за перфектна правна трансакција. Сметаме дека Менс Легис е еден од водечките даватели на професионални правни услуги во Македонија.
CEO Ferenc Shomogy
Stonebridge Communications
Би сакал многу да ја препорачам Менс Легис заради нивниот одличен тимски пристап кон извршувањето на обврските и нивните извонредни организациски и менаџерски способности. Оваа Фондација смета дека во Менс Легис се високо професионални и компетентни во обезбедување на правни услуги.
Dr Dennis Farrington
Director, SEE University Foundation
Secretary-General. SEE University
Драги колеги,
Најпрво да Ви се заблагодарам за напорната работа и вложениот труд во изминатите две недели. Ни беше вистинско задоволство да работиме со Вас и свесни сме за одличната работа што детално ја направивте посебно во тешките услови поради неуредниот data room.
Уште еднаш многу Ви се заблагодаруваме и Ви посакуваме се најдобро.
Dieter Spranz
Attorneys-at-Law
WOLF THEISS Rechtsanwälte
Ви благодариме многу за Вашата помош и соработка. Бевте многу великодушни со Вашето време. Информациите што ни ги овозможивте многу ќе им помогнат на компаниите, а исто така и на индивидуалците кои сакаат да аплицираат во Вашата земја. Ви благодариме за ефикасната комуникација и што допринесовте со ефективност во меѓународните комуникации помеѓу IP практикантите.
Со почит,
Robin Gonzalez
Legal Analyst
Global I.P. Net
Драга Љубица,
Во име на IDLO искрено би сакал да Ви се заблагодарам за Вашата професионална интервенција како локален модератор за време на подготовките и за предавањата на семинарот Европско конкурентно право за Србија, Македонија и Хрватска оддржан на 21-22-23-24-27-28, Февруари 2006. Учесниците беа добро избрани и Вашиот труд вложен во координирање и модерирање на овој курс, го направи учеството на Македонија успешно, живописно и интерактивно. Ми беше големо задоволство да работам со Вас.
Desislava Licheva
Coordination Officer
Distance Learning & Research Center
International Development Law Organization
Ние сме многу задоволни од брзата услуга која ја добиваме од вас.
Michael Nassie
Coordination Officer
COLMOBIL CORPORATION. Israel
Многу ви се заблагодарувам Вам и на Вашиот тим за одличната поддршка во текот на целиот процес, сигурно ќе ја препорачувам вашата фирма и ви посакувам се најдобро во иднина!
Се најдобро,
Kathrin Hopfgartner
Member of AVUS WORLDWIDE claims service
Vienna/Austria