ПРОФИЛ

МЕНС ЛЕГИС®

ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

МЕНС ЛЕГИС® е прва фирма во Република Македонија за вршење правни услуги, основана во февруари 1995 година, со седиште во Скопје и канцеларии со кој соработува во Њујорк, Лондон, Париз, Рим, Милано, Берлин, Москва, Брисел, Атина, Дубаи, Софија, Тирана, Торонто, Стокхолм и Монте Карло.

МЕНС ЛЕГИС® е стручно оспособен со искусен тим од правници и тим од повеќе надворешни консултанти и адвокати, кои се специјализирани во различни области од правото.

МЕНС ЛЕГИС® е веќе етаблиран во меѓународната мрежа на најдобри правни фирми во светот со кои постојано соработува и континуирано го подобрува знаењето и практичната примена на know-how-to од меѓународните правни фирми.

МЕНС ЛЕГИС® има склучено договори за континуирана соработка со повеќе меѓународни правни фирми, а во големи проекти, работи во конзорциум со нив.

Во соработка со Clifford Chance МЕНС ЛЕГИС® ја подготви Правната длабинска Анализа за успешно превземање на OTE MTS Holding B.V. Холандија и нејзините подружници Космофон Услуги за Мобилни Телекомуникации АД - Скопје и Германос Телеком АД Скопје. Клиент: Telekom Slovenije d.d. Вредноста на трансакцијата изнесуваше 190 милиони Евра.

Една од најпосакуваните локации во Македонија, земјиштето и зградите на старатa фабрика на АЛУМИНА АД во стечај Скопје беше купена од Израелската Компанија GAZIT GLOBE преку нејзината подружница во Холандија G-Netherlands B.V. за 19 милиони Евра. Целиот проект е правно изработен од МЕНС ЛЕГИС®.

Во соработка со WOLF THEISS Vienna – Австрија, МЕНС ЛЕГИС® правна фирма, ја подготви правната Длабинска Анализа за проектот за приватизација на ECM (КОМПАНИЈА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА). Клиент: RWE ГЕРМАНИЈА.

Во соработка со "BAKER & McKENZIE", London-Budapest, МЕНС ЛЕГИС® го одработи проектот на Детална правна анализа за приватизација на Телеком. Клиент: MATAV, УНГАРИЈА

Во конзорциум со "Constant&Constant Solicitors", Лондон, беше правен консултант во процесот на приватизацијата на најголемата банка во Република Македонија – Стопанска Банка. Клиент: Стопанска Банка АД, Скопје.

Подготви Детална правна анализа за "REEMSTMA, Germany", за купување на Тутунски Комбинат АД Скопје.

Целосна правна постапка за основање и акредитација на SOUTH EASTERN UNIVERSITY во Тетово и NEW YORK COLLEGE во Скопје.

Го изведе проектот на CARDS Програмата на Европската Унија за Балканскиот регион, REBIS, Студија за инфраструктура на регионалниот пазар на електрична енергија на Балканот.

Ги советуваше SENCAP S.A. ГРЦИЈА на тендерот за продажба на ТЕЦ НЕГОТИНО.

Ги советуваше ЗАВАРОВАЛНИЦА ТРИГЛАВ Д.О.О за превземање на Вардар Осигурување А.Д. Скопје.

Во соработка со консултанската куќа "Berlioz Consulting", Париз, и Европската Агенција за Реконструкција го изведе проектот на CARDS програмата за техничка помош за заштита на авторски и сродни права.

МЕНС ЛЕГИС® е соработник за Македонија за Global Banking Financial Law Review печатено од Euromoney Magazine.

Сеопфатни правни услуги обезбедени за голема кинеска корпорација во проект поврзан со автомобилската индустрија. Меѓу другото, правните услуги опфаќаа спроведување на правна длабинска анализа, добивање на позитивно решение од Комисијата за конкуренција и спроведување на успешно превземање на фабриката АРЦ Македонија, која е специјализирана за производство на надувувачи за воздушни перничиња. Фабриката се наоѓа во технолошка индустриска развојна зона.

МЕНС ЛЕГИС®

Меѓународната WHO'S WHO Historical Society

Друштвото за правни работи МЕНС ЛЕГИС, основано во 1995 година, е признаено за прва правна фирма во Република Македонија. Со седиште во Скопје, Северна Македонија, фирмата обезбедува квалитетни правни и консултантски услуги на национална и меѓународна база на клиенти.

Фокусирајќи се на деловното и корпоративно право, главните области со кои фирмата се занимава вклучуваат концесии и јавни-приватни партерства, телекомуникации, минерални суровини, банкарство, интелектуална сопственост, работни односи, недвижности, јавно финансирање и друго. Со докажано педигре на успеси фирмата вработува една силна искусна екипа високо обучени и талентирани професионалци кои се сметанат за едни од најдобрите во индустријата. Како сопственик на правната фирма МЕНС ЛЕГИС, г-ѓа Рубен работи како менаџер и правен советник. Екстензивно правно искуство распределено во повеќе од 40 години и овозможуваат на г-ѓа Рубен ефикасно да ги извршува нејзините задачи. Во нејзината моментална позиција Госпоѓа Рубен подготвува правни мислења и консултативни услуги.

Нејзиното импресивно портфолио вклучува позиции како правник, новинар во областа на правото, директор на правното оделение на компанијата за увоз-извоз Центрохемија и адвокат. Одговорна за секојдневните бизнис функции и корпоративни активности, таа ја поставува темата, тонот и стилот на дејствување. Создавајќи и дефинирајќи ги иновативните цели на бизнис развој и стратегии, г-ѓа Рубен ја позиционираше фирмата на пазарот и ја подготвува за нов раст. Во соработка со клиенти од висок профил, таа се вклучува како експерт на Европската Унија преку Европската Агенција во случаи/предмети кои се однесуваат во Законот за стечај и проектот за едношалтерски систем. Промовирајќи култура која содржи највисок квалитет и транспарентност во бизнис договорите и трансакциите, г-ѓа Рубен веке го етаблираше брендот на правната фирма МЕНС ЛЕГИС во мегународната мрежа на најдобри правни фирми во светот. Динамична и ориентирана кон постојан напредок, таа ја доби почитта на нејзините колеги и доверба на клиентите во услугите направени од фирмата. Нејзиниот успех е приклонет кон професионалната конпетентност и интегритет, желба за знаење, искуство и научна позадина. Опкружувајќи се себеси со луѓе со слични размислувања насочени кон напредок, никогаш не откажувајќи се од предизвици, целите на г-ѓа Рубен се да продолжи да расте и да ја проширува фирмата, и да ја има најголемата правна фирма во земјата за 5 години.

МЕНС ЛЕГИС®

M a d i s o n W H O ’ S W H O - V I P m e m b e r

Како еден од најистакнатите професионалци Г-ѓа Рубен беше избрана за ВИП член во изданието од 2007 година на Madison Who's Who на директори и професионалци, од илјадниците пријавени од целиот свет.