ОСНОВАЧ И
УПРАВУВАЧКИ ПАРТНЕР

Еден од најдобрите начини да се измерат постигнувањата на поединецот е преку ретката можност да се биде признаен како еден од светските водечки и успешни професионалци и како ВИП член.

Г-ѓа Љубица Рубен

е-пошта: ljubica.ruben@menslegis.com.mk

Повеќе од триесет годишно искуство, кое опфаќа десет години како Директор на правниот сектор на компанијата "Центрохемија" Експорт—Импорт Скопје, три годишно искуство како новинар од областа на правото, а од 1989 до 2002 работи како адвокат. Во 1995 ја формира правната фирма МЕНС ЛЕГИС во која што моментално е водечки партнер и управител.

Активно работи на подобрување на бизнис климата во Република Северна Македонија и регионот преку учество во голем број проекти. Член е во работни групи за измена на закони, спикер, предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.

Образование: 1977 година дипломира на Правниот Факултет во Скопје, во 1989 година го положи правосудниот испит, а нејзината дополнителна едукација во земјата и странство вклучува:

  • Ефективна имплементација на правото на ЕУ за конкуренција во 2006 година;
  • College of Europe- Институт за постдипломски Европски студии, Бриж, Белгија: Интензивен семинар на Европската Унија- 2005;
  • Регулирање на приватниот сектор: корпоративно управување, усогласеност и корпоративна одговорност 2005 година;
  • Зајакнување на доброто управување преку спречување на перење пари 2004;
  • Институт Вилијам Дејвисон во Michigen Business School- Свест на акционерите, заштита и демократија- 2004;
  • Arizona State University, Темпи, Аризона и International Insolvency Institute: Програма за обука во стечајна постапка-1998;
  • Учествувала на семинари организирани од International Development Law Organization- IDLO на многу теми, меѓу кои:
  • Финансиски производи за претпријатија- 1996;
  • Техники на преговарање-1996;
  • Стечајни реформи: право и практика-1997;
  • Правен курс за Претпријатие и инвестиции-1997;
  • Правни аспекти на проектно финансирање-1998;
Професионално членство:
  • Потпретседател на Здружението за заштита на акционери — инвеститори "АКЦИОНЕР 2001 ";
  • Претседател на Македонското здружение за стечај;
  • Претседател и основач на ИДЛО—Здружение на правници во Република Македонија;
  • Потпретседател на Европското движење на Република Македонија;
  • член на Управниот Одбор на ИЈО Азија и нивен официјален претставник во канцеларијата на ОН за Виена и Женева;
  • член на Советот за корпоративно управување;
  • член на Глобал и член на советот организиран од УНДП во Република Македонија;
  • член на мрежата за подготовка на проект на Светска Банка - Doing Business;
  • член на здружението на правници од областа на стопанството;
  • член на Здружението на застапници за индустриска сопственост;
  • член на Меѓународната Адвокатска Комора;
  • член на Американската Адвокатска Комора;
  • основач-член на ТЕМИС- Здружение на жените правници во Република Mакедонија;
  • консултант на Обединетите Нации за изборни прашања;
  • член на мрежата за развој на комерцијалните реформи во Југоисточниот регион во следниве организации: УСАИД, ОЕЦД, ЕБРД, Коалиција 2000-Антикорупција;
  • говорник на многу домашни и меѓународни форуми; член на мрежата за Европски интеграции на College of Europe, Бриж, Белгија; член на Глобалниот договор за социјална одговорност, организиран од УНДП.



Како потпретседател на "Акционер 2001" – Здружение за заштита на правата на акционерите, таа спроведе и се уште спроведува редовни обуки на акционерите и на заинтересираните страни во преку 80 акционерски друштва во Северна Македонија. На овој начин таа регрутираше голема група на акционери кои бараат инвеститори во нивните компании или бараат дополнителна капитализација на акции.

Препораки