Сања Велјановска е Постар Партнер во МЕНС ЛЕГИС. Нејзиното примарно поле на експертиза вклучува корпоративно управување, финансии, даночно право, сопственички односи, договорно право, деловно право, спојувања и преземања. Таа е значителен доприносител во многу меѓународни списанија и проекти, како Corporate Intl, IFRL, проектите Doing Business на Светска Банка и други. Дополнително нејзината професионална компетентност се состои од подготовка на разновидни правни мислења, правни длабински анализи, инвестициски договори и други правни активности и услуги.
Сања Велјановска е дел на Менс Легис од 2004 година. Меѓу клиентите кои таа ги советува се: DMM DRAEXLMAIER Македонија, G-Macedonia AD Skopje, Gazit – Globe Israel, RWE Germany во проект во врска со приватизацијата на компанијата за дистрибуција на електрична енергија ESM, Осигурителната компанија TRIGLAV за купувањето на осигурителната компанија VARDAR AD Skopje, Global Communication Network – USA, Berkshire International Investments Macedonia – компанија основана од European Estates Limited од Велика Британија, "Bombardier Aerospace" од Канада, Cooperatieve Centrale Raiffeisen-Boerenleenbank B.A. и ING Bank N.V за финансирање со Mittal Steel Company, SENCAP S.A Грција; Freshfields; EMIT Ercole Marelli - Италија, услуги и области за финансирање на EBRD, Playtech, Yin Yi Group Company Limited и други.
Нејзиното претходно искуство вклучува работа како правен експерт на проект финансиран од Европската Унија, а менаџиран од EAR - Приближување на трговска легислатива, каде што таа учествуваше со нејзината правна експертиза во подготвување на Законот за стечај и друга легислатива. Исто така, таа беше правен советник - асистент на USAID/Deloitte на проектот за корпоративно управување и деловно право, и учествуваше во подготовка и примена на македонскиот Закон за трговски друштва и имплементација на корпоративното управување во македонските компании.