CV ДЕТАЛИ НА ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

Благородна Ристовска

Благородна Ристовска е Постар Правен Советник во Менс Легис, со титула Магистер во отсек на Меѓународно јавно право на Правен Факултет "Јустинијан I" Скопје при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Нејзиното претходно работно искуство е стекнато при работење во адвокатска канцеларија.

Благородна Ристовска е специјализирана во подготвувањето на правни длабински анализи, правни мислења и давање на други правни услуги во разни области како: трговското право вклучувајќи основање на правни субјекти и промени во истите, корпоративно управување, прибавување на потребни лиценци, работни дозволи, дозволи за престој како и останати дозволи за лица од странство, советување во областа на работни односи, електронски комуникации, интелектуална сопственост и др.